Колумни

Повеќе од 250 истражувања и анализи објавени во специјалните изданија

12 апр 2021

Со повеќе од 230 истражувања и анализи објавени во Водичите низ категории, 20 истражувања во 100 Must Have и 13 истражувања објавени во Мапата на трговци помогнавме да изградите ваша стратегија, втемелена врз светските и регионалните трендови.

  • 230 Анализи и истражувања
  • 74 Водичи низ категории
  • 50 ИнФокус рубрики
  • 20 Истражувања објавени во 100 Must have
  • 13 Истражувања објавени во Мапа на трговци

Со 100 Must Have направивме пионерски чекор на македонската трговска сцена, со надеж дека со нашиот скромен придонес ќе им ја олесниме работата на трговците, на дистрибутерите, на сите вклучени во FMCG-секторот, нудејќи листа на 100 брендови кои, според трговците, треба да се најдат на нивните полици. Специјалното издание беше одлично прифатено и годинава го планираме четвртото по ред.

Како прв и сe уште единствен високопрофилиран медиум со таргетирана цел и публика, InStore и специјалното издание 100 Must Have внесоа нови стандарди во работата. Во текот на овие десет години

InStore секојдневно придонесува во моделирањето, зацврстувањето и воопшто во функционирањето на пазарот од овој сегмент. Неговото значење и влијание врз индустријата оди многу подалеку и пошироко од улогата на медиум. Воспостави многу деловни релации, придонесе за создавање цврсти партнерства, а со информативни содржини и едукативни иницијативи, придонесе за проширување и унапредување на пазарот, и тоа не само во пренесување на трендовите од светските искуства, туку и во креирањето наши автентични соодветно пазарната структура. „Витаминка“ во InStore најде ценет и незаменлив партнер и соработник уште од почетокот на работата. Досега заедно имаме постигнато многу и веруваме дека пред нас претстојат уште многу успешни реализации.

Маркетинг тим, „Витаминка“

Со Мапа на трговци, првпат на македонскиот пазар понудивме богат, издржан и аналитичен пресек на македонската малопродажба. ГфК, „Брима“, „Ипсос“, „Нилсен“, „Фокус“, „Инсајдер“, „Индаго“, „Еуромонитор“, „Таргет“, „Делоит“ и др. се нашите партнери со чија помош бројкитедобиваат смисла.

Mапа на трговци со својата обемна содржина придонесува за справување со сите нови моменти со кои трговијата се соочува и секако ќе треба да се справи. Одлично скенирање на малопродажната мрежа не само дома туку и во светската малопродажба. Ова издание и тоа како ќе претставува одличен потсетник во секојдневното работење со пазарот.

Моника Миленкоска, бренд менаџер во „Орбико

 

 

Водичите низ категоријата опфаќаат детални истражувањата за категориите овоз- можувајќи да добиеме увид за перципираниот квалитет на понудата на пазарот од потрошувачите со кои би се одредиле насоки за унапредување на квалитетот на услугата и постигнување на што поголема конкурентност. Истажувањата кои ги обезбедува InStore како анализа за навиките на потрошувачите, пенетрација на интензивни корисници, учеството на брендовите на пазарот, големината на категориите и многу други се од голема помош при донесувањето добри одлуки, правилни стратегии како и при дејствувањето за намалување на јазот меѓу очекувањата и добиената вредност.

Кети Ангелковска, директор за продажба во „Кола“

InStore е 10 години повеќе од само медиум. Продолжуваме да едуцираме и инспирираме низ бројки!

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...