10 години

10 години InStore: Нашите самити се вашето место за едукација и вмрежување

01 сеп 2021

Единствена можност за инспирација, едукација и вмрежување на најголемите настани организирани од магазинот InStore.

Во организација на магазинот InStore во Македонија и на „Кликер маркетинг“ досега се реализирани шест FMCG самити, а годинава организиран е и првиот SKOPJE MARKETING SUMMIT.

Редакциите на InStore во регионот досега организираа 49 самити, на кои имаше 1.917 спонзори и над 17.850 учесници. 

InStore и „Кликер маркетинг“ Ви го најавуваат и 7 FMCG Summit Skopje 2021, кој ќе се одржи онлајн, на 28 октомври. Наменет е за трговци, производители, дистрибутери, придружната индустрија и за сите професионалци од секторот на кои им е важно да ги знаат актуелните трендови, да ги прошират своите видици и да ги надградат своите знаења. 

И оваа година очекувајте ексклузивни и интересни говорници на најактуелните теми, теми кои ќе го предизвикаат и до крај ќе го задржат вашето внимание!



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...