FMCG Македонија 2020

Бесплатно и онлајн - 6 FMCG Summit Скопје на 26 ноември

09 ное 2020
На 26 ноември ќе се одржи 6 FMCG Summit, најголемиот настан во трговскиот сектор во Македонија, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“. Досега има повеќе од 250 регистрирани ученици. 
 
За првпат, поради новата ситуација, Самитот ќе биде онлајн и целосно бесплатен за следење, а со тоа достапен за многу поширока публика.  
 
Форматот на самитот ќе биде како и кај претходните изданија-осум говорници со по 20 минутни презентации.Ќе имаме говорници од повеќе држави, кои ќе го пренесат своето знаење од работењето во FMCG секторот, искуството во справувањето со ковид-кризата и своите предлози за поуспешно соочување со „новата реалност“. Самитот е наменет за трговци, производители, дистрибутери, придружната индустрија и за сите професионалци од FMCG секторот на кои им е важно да ги знаат актуелните трендови, да ги прошират своите видици и да ги надградат своите знаења. Зошто е важно да присуствувате, погледнете во искрените и сесрдни препораки од минатата година, на следниов линк. 
 
6 FMCG Summit оваа година ќе се рекламира исклучиво онлајн со големо присуство во дигиталниот простор преку банери, ПР текстови и реклами, како на веб така и на социјалните мрежи. Ќе се таргетира првенствено македонската публика, но и деловните луѓе од Косово, како пазар доста близок на македонскиот. Спонзорите оваа година ќе бидат рекламирани со свое лого и свои рекламни спотови кои ќе бидат емитувани за време на самитот. Логоата на спонзорите ќе бидат објавени на сите најави на самитот. Спонзорите ќе бидат комуницирани во сите текстови и објави во магазинот InStore, како и во њуслетерот на InStore и на интернет страницата www.instore.mk.  Повеќе информации околу спонзорствата може да добиете на meri@instore.mk и +389 71 26 24 41. 
 
Минатогодишниот 5 FMCG Summit го посетија повеќе од 380 учесници од најголемите компани од секторот за трговија со стока за широка потрошувачка во земјава. Како поминавме, прочитајте тука. 
 
Се гледаме на 26 ноември онлајн! 
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...