Актуелно

InStore ја објави „Мапа на трговци“-реакциите се одлични

06 авг 2020

Излезе од печат специјалното изданието „Мапа на трговци“ на магазинот InStore, издавач „Кликер маркетинг“. 

Изданието веќе го имате на Вашите бироа - првичните реакции се дека „Мапа на трговци“ е одлична  и дека податоците во неа се многу корисни за работењето на компаниите во FMCG секторот. Изданието можете да го видите тука

„Мапа на трговци“ е пионерски чекор на македонскиот пазар. Ја прикажува комплетната слика на малопродажниот сектор во земјава, преку поединечно претставување на трговците низ повеќе параметри, со информации за нив и дополнителни анализи за нивното работење. 

Во „Мапа на трговци“ се објавени релевантни анализи на пазарот – малопродажни објекти по формати, број на објекти на трговците, регионална покриеност, приходи, број на SKU-а, информации за приватни трговски марки. Извори на информациите се трговците, приватната база на податоци „Бизнис мрежа“ и истражувачките агенции: „Нилсен“, „Индаго“, „Фокус марктфоршунг“, „Инсајдер ИД“, „Еуромонитор“, „Делоит“, „Ипсос“, „Биснод“, „Оливер Вајман“ и „Либенсмител цајтунг“. Истражувањата покажуваат дека македонските потрошувачи трошат и до 250 евра месечно за производи од FMCG-секторот, а 30 отсто од производите се продаваат во КА. Ова значи дека малопродажбата во Македонија има простор за модернизирање и премиумизација, задоволувајќи ги трендовите и потребите на новите генерации. 

Успешни изданија на „Мапа на трговци“ имаа и регионалните редакции на InStore во Србија и во Хрватска.

Специјалното издание го дистрибуиравме до целокупниот малопродажен сектор во земјата, во тираж од 4.000 примероци.

Благодарност од InStore и од „Кликер маркетинг“ до сите наши соработници со чија помош ја подготвивме „Мапа на трговци“ и до сите компании што ја препознаа можноста да се претстават во изданието. Посакуваме сите заедно да имаме уште подобри резултати во следното издание в година!



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Горан Теменугов: Стечај или можност за подобра практика

21 авг 2020

Лозарството и винарството-пред спас или пред пропаст?

21 авг 2020

Јована Младеновиќ: Комуникацијата гради доверба

21 авг 2020

Горан Теменугов: Висок напон, празен паричник

21 авг 2020

Како и кога ќе заздрават македонските компании?

21 авг 2020

Невиден економски пад во земјите членки на ОЕЦД

21 авг 2020
Вчитува уште новости...