Актуелно

Прв пораст на цените на храната годинава

03 јул 2020

Првпат годинава цените на храната се зголемија во јуни и покажаа мала стабилизација по остриот пад предизвикан од пандемијата на коронавирусот, соопшти Организацијата за храна и земјоделство (ФАО).

Индексот на цените на храната во јуни годинава во просек изнесуваше 93,2 поени, што е за 2,4% повеќе во споредба со претходниот месец. Тоа е прво зголемување на месечно ниво од почетокот на годината. Во услови на континуирана пазарна неизвесност, цените на растителните масла, шеќерот и млечните производи се стабилизираа по остриот пад во мај, додека цените на житото и на месото забележаа маргинално намалување, се наведува во извештајот на ФАО, објавен на 2 јули.

Највисок пораст забележаа цените на растителните масла. Во јуни тие се зголемија за 11,3% во споредба со мај, што е одраз, пред сè, на порастот на цената на палминото масло, како резултат на закрепнувањето на глобалната побарувачка и стравот од можни проблеми со производството.

Цените на шеќерот во јуни се зголемија за 10,6% во споредба со претходниот месец, благодарение, делумно на извештаите за тесните грла во бразилските пристаништа поврзани со мерките за спречување на ширењето на вирусот.

Индексот на цените на млечните производи во јуни во просек изнесуваше 98,2 поени, што претставува зголемување за 4 проценти од мајскиот индекс. Во јуни беше забележан првиот пораст на вредноста на индексот по четиримесечен последователен пад. Сепак, на тоа ниво, цените се за 4,6% пониски од јуни 2019 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Се бара кривична одговорност за фирми кои зеле субвенции, а не поделиле плати

20 јул 2020

Словенија ги продолжува мерките за спас на работни места

20 јул 2020

Зоран Богетиќ: Што се наоѓа под „врвот на ледениот брег“?

20 јул 2020

Milka загуби судски спор во Германија

20 јул 2020

Во маркетите потрошени 16 милиони евра од домашните платежни картички

20 јул 2020

Црна Гора повторно прогласи епидемија на целата територија

20 јул 2020
Вчитува уште новости...