Актуелно

Словенија ги отвора сите продавници, театрите и помалите хотели

15 мај 2020

Словенечката Влада донесе одлука повторно да се отворат сите продавници во земјата. 

Дополнително од 25 мај повторно ќе можат да работат и затворените културни установи како театрите, а ќе биде дозволено и организирањето на музички концерти, објавија од Министерството за култура.

Притоа остануваат обврските да задолжителна дезинфекција на рацете и задолжително носење на заштитна маска во затворени објекти.

Со одлуката на Владата и понатаму не смеат да работат поголемите хотели, базените, фитнес центрите и ноќните клубови.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...