Актуелно

Виена доделува 50 евра за посета на угостителски објекти

14 мај 2020
Градот Виена планира со ваучер од 50 евра по домаќинство да го поттикне угостителството чии објекти од петок повторно ќе бидат отворени, по двомесечна пауза.
 
Кон средината на јуни сите домаќинства од средината на јуни ќе добијат ваучер од 50 евра, најави градоначалникот на Виена Михаел Лудвиг.
 
Како што соопшти тој, во Виена има 950.000 домаќинства со повеќе членови кои ќе добијат ваучер од 50 евра, а домаќинствата со еден член ќе добијат 25 евра. Ваучерите ќе можат да се користат до крајот на септември во ресторани и кафулиња кои учествуваат во таа акција. Но, со нив нема да можат да се платат алкохолни пијалаци.
 
Лудвиг објасни дека за реализација на оаа акција од буџетот на градот ќе бидат земени 40 милиони евра, но тој потсети дека угостителството во овој град, секоја година носи околу 1,4 милијарди евра.



Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 



Неработна недела и во македонски синџир маркети

13 мај 2020

Како преку граница-правила и датуми

13 мај 2020

Словенија дава по 200 евра на секој граѓанин

13 мај 2020

Нов „Супер Тинекс“ во Прилеп

13 мај 2020

ЕЦБ: Еврозоната ќе се „опорави“ идната година

13 мај 2020

Трет пакет економски мерки: Викенд без ДДВ и бескаматни кредити за компаниите

13 мај 2020
Вчитува уште новости...