Актуелно

Пикаса: Колку се активни супермаркетите на социјалните мрежи?

27 јул 2022

Во анализираниот период социјалната мрежа „Фејсбук“ се издвојува со најголем број објави и има удел од 53% од вкупните објави, а според бројот на објави најмногу се истакнува „Рамстор“...

За специјалното издание „Мапа на трговци“ на магазинот InStore, „Пикаса аналитикс“, подготви истражување за активностите и присуството на супермаркетите на социјалните мрежи во РС Македонија, во периодот: 15 мај -15 јуни 2022 година.

Истражувањето опфаќа детален мониторинг на социјалните мрежи и детекција на објавите и споменувањата на супермаркети. Покрај мерењето на волуменот на објавите и споменувањата, истражувањето опфаќа и мерење на бројот на реакции и ангажмани од публиката (допаѓања, коментари и споделувања) на објавите каде што се споменуваат тие.

На следната слика се претставени бројот и учеството на објави и реакции на публиката во категоријата супермаркети, кои биле активни при користењето на социјалните мрежи: Фејсбук, Инстаграм, Твитер и Јутјуб во анализираниот период.

На табелата можеме да видиме дека во овој период се детектирани вкупно 2.473 објави и споменувања на супермаркети, кои предизвикале вкупно 252.408 реакции од публиката, односно, во просек, 102 реакции по објава.

Во анализираниот период, социјалната мрежа „Фејсбук“ се издвојува со најголем број објави и има удел од 53% од вкупните објави во категоријата супермаркети на сите мрежи, што иницирале дури 70% од вкупниот број реакции од публиката, односно во просек 136 реакции по објава, што изнесува 4,8 пати повеќе од просекот на објави на другите мрежи.

На второто место според уделот по бројот на објави и реакции во врска со категоријата супермаркети се наоѓа „Инстаграм“, на кој отпаѓаат 39% од вкупните објави и споменувања на социјалните мрежи, како и 30% од реакциите на корисниците на овие мрежи. Просечниот број реакции по објава на овој медиум за категоријата супермаркети изнесува 78 реакции (допаѓања и коментари).

Социјалната мрежа „Твитер“ учествува со 8% од објавите и 0,4% од реакциите, додека на платформата „Јутјуб“ детектиравме 9 објави кои предизвикале 5 реакции кај публиката, што претставуваат незначителен дел од вкупните активности на супермаркетите.

На графикон 1 се претставени супермаркетите во Македонија, рангирани според вкупниот број објави на социјалните медиуми, каде што е напоредно прикажан и просечниот број на реакции на публиката.

Може да се види дека во дадениот период апсолутен лидер според бројот на објави е „Рамстор“, кој со 684 објави учествува со 28% од вкупниот број објави во категоријата, кои предизвикале 26.643 реакции, што претставува 11% од вкупните реакции во категоријата, и просек од 39 реакции по објава.

Водечки бренд според предизвиканите реакции е КАМ, со вкупно 60.363 (24% од категоријата) реакции на 199 објави (8% од категоријата), односно просек од 303 реакции по објава.

„Стокомак“ е трет според бројот на објави, како и според добиените реакции, односно со 326 објави (13%) предизвикал 60.215 реакции (24% од категоријата) со просек од 185 реакции по објава.

Податоците јасно покажуваат дека бројот на објави не е главен фактор кога се работи за бројот на предизвиканите реакции кај публиката, туку големо влијание имаат и други фактори што се клучни во предизвикување внимание и реакција од публиката во одреден момент, како што се: квалитетна содржина и информација, наградни игри и повик на акција, креативното решение итн.

На графикон 2 се прикажани објавите и реакциите на публиката на социјалните мрежи според денот во неделата кога е извршена објавата.

Од податоците може да се заклучи дека на социјалните мрежи, во анализираниот период, најефективен ден за добивање реакција и ангажирање на публиката преку објави поврзани со супермаркетите е недела, кога на сите мрежи се забележани 1,5 пати поголем број на реакции од просекот во другите денови.

Во недела особено се истакнуваат корисниците на „Фејсбук“, со високиот просек од 223 реакции по објава, што претставува зголемување од 79% во однос на просекот на реакции на истиот медиум во преостанатите денови од неделата.

Инстаграм-корисниците покажaле благ афинитет кон петок, кога реакциите се зголемуваат на 105 реакции по објава, што е пораст за 44% повеќе од просекот во другите денови од неделата.

* Кај помалку користените медиуми (Твитер, Јутјуб) од супермаркетите, бројот на реакции не е статистички значаен во споредба со афинитетите анализирани по денови во неделата.

Методологија:

„Пикаса“ ја користи својата онлајн-платформа Analytics.live за да следи во реално време повеќе од 1.300 медиуми и илјадници канали на социјалните медиуми во 6 земји од Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Република Северна Македонија). Платформата за аналитика ги прикажува медиумските написи заедно со нивната соодветна пенетрација на платформите на социјалните медиуми (Facebook, Instagram, Twitter, YouTube) броејќи ги сите видови активности и реакции (лајкови, споделувања и коментари).

„Пикаса“ има над 10 години искуство во науката за податоци, развој на алгоритми, вештачка интелигенција и машинско учење. Таа им нуди на компаниите, организациите и институциите пристап до единствени податоци од над 1.300 медиуми и илјадници канали за социјални медиуми. Во комбинација со искусен тим од доктори на науки за податоци, дата-аналитичари и високи медиумски експерти, развивме неколку производи за следење на медиумите во реално време и технолошки капацитет за создавање приспособени решенија. Успеавме да одговориме на некои од најпредизвикувачките прашања во врска со употребата на дигитални и социјални медиуми за ширење пропаганда, сентимент, идентификување канали и спроведување истражувачки работи.

Во последните 2 години, преку мониторинг и консултации, им помогнавме на повеќе од 30 медиумски канали и над 50 компании да ги зголемат и максимираат своите резултати, користејќи техники за пристап до поширока публика.

Контакт: Ема Муратова, regional manager во „Пикаса аналитикс“
mail: ema@pikasa.ai mob: 071 233 673

Адреса: Булевар Крсте Мисирков 7 ЛАМ.Ц2/14 , ТЦ Мавровка 1000 Скопје

Тел: +389 2 3212-812



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...