Актуелно

Хајрун Сулејмани: Оптимистично размислување и планирање

09 сеп 2021

Што е потребно за да успееш во бизнисот? Три едноставни работи: Да го знаеш твојот производ подобро од кој било, да го знаеш клиентот и да имаш огромна желба за успех,

                                                                                                            Дејв Томас.

Хајрун Сулејмани, сопственик, месна индустрија „Тиамо“

Како претприемач, менаџер или лидер, секојдневните мисли што ви се вртат во главата се многу битни. Мислата е основата од каде што почнува да се развива бизнисот.

За мислењето да биде продуктивно, мора да бидете оптимисти и инспиративни, бидејќи токму тие две работи се клучот за успешно работење. Таков случај беше и нашето работење за време на пандемијата.

Со што конкретно се соочи месната индустрија за време на пандемијата?

Многу земји воведоа рестриктивни мерки, како ограничувања на движењето на граѓаните, па дури и целосно затворање. Тие мерки доведоа до недостиг на храна за добитокот, што претставуваше значителен проблем во нивното одгледување, и на подолг рок придонесе за намалување на капацитетите на производство на месо.

Големите и брзи искушенија што ни ги приреди ковид-кризата ги искористивме за да научиме да се справиме со секаков вид пречки и промени во пазарот.

Но, ова немаше некое големо влијание врз нашата работа бидејќи оптимистичното и инспиративното мислење и планирање ни овозможија навреме да се снабдиме со потребните суровини за непречено развивање на нашите производствени процеси.

Исто така, негувањето на корпоративните односи со доставувачите ни ги отвори вратите за навреме и без некои поголеми тешкотии да се снабдиме со дополнителни суровини кои ни беа потребни за време на кризата со месото.

Големите и брзи искушенија што ни ги приреди ковид-кризата ги искористивме за да научиме да се справиме со секаков вид пречки и промени во пазарот. Се проширивме на пазарот за да бидеме што поблиску до клиентите.

Развивме нов производ, спремен по софистицирана технологија, кој е полуспремен за консумација и одзема многу малку време за подготовка. Сето ова се случи како поука од динамичноста која ни беше сервирана во последно време.

Ќе продолжиме да работиме со динамично темпо фокусирајќи се на развивање на брендот и на достапноста на нашите производи до што поголем дел од домашниот и странските пазари.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...