Актуелно

Бугарска фирма го носи Beyond Meat во Македонија

21 јул 2021

Бугарскиот дистрибутер на органска храна и пијалаци „Смарт органик“ од минатиот месец е официјален дистрибутер на Beyond Meat, светскиот лидер во производството на растително „месо“, за македонскиот и за бугарскиот пазар.

Компанијата ги има и ексклузивните права за Бугарија и за С. Македонија, изјави за бугарски „Капитал“ Јани Драгов, основач и сопственик на „Смарт органик“.

Засега на пазарот ќе бидат достапни три вида на месни алтернативи: мелено месо, бургери и колбаси. Тоа се смрзнати растителни производи, кои имаат рок на траење од една година. Тие изгледаат како месо, имаат вкус на месо, се јадат како месо, се приготвуваат како месо. Бургерите се приготвуваат за неколку минути, а меленото месо може да се користи за правење мусака, сарми, ќофтиња, дава примери Јани Драгов.

Производите во Македонија ќе бидат пласирани во трговските синџири, со кои веќе „Смарт органик“ има склучено договор. Во Бугарија ќе бидат пласирани во трговските синџири, специјализираните продавници за органска и здрава храна и во синџирот продавници за органски производи на „Смарт органик“ – „Грин“.

Американската компанија „Бијонд мит“ е лидер во секторот растителни алтернативи на месото. Производите се продаваат во повеќе од 80 земји, на 122.000 продажни места и ресторани.

Бугарската компанија „Смарт органик“ е најголемиот дистрибутер на органска храна и пијалаци во земјата, а има и сопствено производство. Компанијата продава на повеќе од 650 продажни места во Бугарија, а 60% од производството се извезува во речиси 60 земји.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...