Актуелно

Прва Мапа на дистрибутери и втора Мапа на трговци

09 јун 2021

InStore ви го најавува новиот проект – првпат на македонскиот пазар во јули 2021 година ќе биде објавена Мапа на дистрибутери, а по големиот интерес и бројните позитивни коментари и поддршка од партнерите, ќе биде објавено и второто издание на Мапа на трговци.

Првото специјално издание Мапа на дистрибутери ќе изобилува со информации за работењето на дистрибутерите, анализи и истражувања. Ќе бидат објавени релевантни анализи на пазарот – дистрибутивни компании според големина и регионална покриеност, приходи, број на вработени, информации за брендови и приватни трговски марки. Извори на информациите ќе бидат дистрибутерите, како и реномирани истражувачки агенции и признати експерти.

Очекувајте и во второто издание Мапа на трговци со InStore-анализа за работата на трговците, анализи од истражувачки агенции од Македонија, од регионот и од светот, совети, трендови...

За дистрибутерите: Искористете ја можноста и претставете ја вашата компанија во првото издание Мапа на дистрибутери на нашиот пазар. Вклучете се со информации и со корпоративен оглас за вашата компанија и не пропуштајте ја можноста за претставување пред целокупниот FMCG-сектор.

За трговците: Вклучете се со информации и со корпоративен оглас за вашата компанија. Не пропуштајте ја можноста да се претставите пред целокупниот FMCG-сектор.

Контакт:

Срме Серафимовска, srme@instore.mk 

Мери Каталиниќ, meri@instore.mk



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...