Видео вести

(ВИДЕО) „Амазон“ тестира плаќање со дланка

06 окт 2020

Онлајн трговецот „Амазон“ почна да тестира плаќање со дланка, во две продавници.

Неговиот неодамна воведен систем за биометрика на дланка, наречен Amazon One, штотуку започна со тестирање во две продавници во Сиетл и наскоро би можел да се појави во сите продавници, стадиони, концертни сали, згради и можеби за отклучување стан наместо отпечаток од прст, или скенирање на лице или очи.

На одреден начин, биометријата ќе ги претвори вашите дланки во кредитна картичка, лична карта, билет или некој друг документ за идентификација со препознавање на крвни садови, како што можете да видите на ова видео:



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...