Видео вести

(ВИДЕО) Најпаметната количка за купување

27 јан 2021

Малопродажниот трговски синџир „Крогер“, кој е на трето место во САД по приходи од продажбата (пред него се „Волмарт“ и „Амазон“), тестира паметна количка за купување која истовремено служи и како „мобилна благајна“, па купувачите веќе не мораат да чекаат во редови. 

Количката наречена “КроГо“ функционира така што купувачот зема производи од полица, ги скенира на држачот на количката и излегува од продавницата со нив. 

Количката има и вграден систем за скенирање производи кои не се спакувани, па системот ги препознава. Има и вграден читач на платежни картички, па купувачот може веднаш да плати. „КроГо“ има и уште една напредна функција: им помага на посетителите да се ориентираат во продавницата и им предлага купување на најпродаваните производи. 

Погледнете:

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...