Маркетинг

Звукот на вкусот

25 авг 2021

Досега паштетите Argeta Exclusive можеа да се почувствуваат речиси преку сите сетила – да се видат, допрат, помирисаат и вкусат. Единствено не можеа да се слушнат.

Синестезијата се објаснува како феномен што настанува кога доаѓа до испреплетување на врските меѓу центрите за различни сетила. На пример, при визуелна дразба субјектот доживува звук или при звучна дразба – гледа боја. Токму тој феномен ја мотивира идејата на „Луна/ТБВА“ – Словенија дека е можно да се поврзе и стимулира слушањето со искуството од одредена храна, нејзиниот вкус, текстура, облици, бои...

Инспирација за идејата се новите вкусови на линијата Argeta Exclusive, создадени од браќата готвачи Давид и Грегор Врачко. За додавањето на димензијата на звукот била задолжена екипа од прехранбени технолози и аудитивни експерти. Технолозите, кои се задолжени за развој на вкусот на Argeta, го одредиле профилот на вкусот, ги дефинирале интензитетот и траењето на одделни состојки во три дегустативни фази. Врз основа на тоа, аудитивните експерти ги одредиле основните елементи, кои звучно и музички кај слушателот ќе предизвикаат доживување од дегустацијата на состојките дури и пред навистина да ја вкуси паштетата.

Истражувачкиот тим успеал во нешто сосема ново – со помош на науката доживувањето од вкусот го преведе во звук, создавајќи ја првата аудитивна дегустација (soundtasting.argeta.com). Траењето на конечниот звук е еднакво на просечното време за дегустација на паштетата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...