Нови

KAM 1.0 – Управување со клучни купувачи и преговарање

14 мај 2020

Во организација на Кликер Маркетинг на 2 јуни ќе се одржи InStore еднодневен вебинар „KAM 1.0 – Управување со клучни купувачи и преговарање“, на кој ќе предава Дарко Лукиќ.

Вебинарот е наменет за КА-менаџери, менаџери за продажба и унапредувачи на продажбата.

ЦЕЛИ НА ВЕБИНАРОТ:

  • Запознавање со целите и предностите на менаџментот на клучни купувачи;
  • Улога на менаџментот на клучни купувачи и разлика во однос на класичната продажба;
  • Совладување на вештини за рангирање, категоризација и приоретизација на клучни купувачи;
  • Унапредување на процесите на стратешко управување со купувачите;
  • Користење на стратешки toolbox за управување со купувачите;
  • Усовршување на процесите и планирање на преговори со купувачите – преговарачки стратегии и тактики;
  • Усовршување на комуникациски тактики за преговарање – активно слушање, техника на поставување прашања и толкување на невербална комуникација .

АГЕНДА (2 ЈУНИ 2020 ГОДИНА):

09:00 – 10:30

  • Управување со клучни купувачи: концепт, цели, задачи, КАМ vs продажба;
  • Клучни купувачи: рангирање, категоризација, приоритизација;
  • Стратешко управување со купувачи – процес, алтернативни стратегии и евалуација на купувачи.

10:30 – 10:45 Пауза

10:45 – 12:15

  • Toolbox за стратешко управување со купувачите – анализа на купувачот, позиција на компанијата, анализа на работењето и акциски план.

12:15 – 13:15 Пауза

13:15 – 14:45

  • Процес на преговарање – цели, планирање, стратегии, тактики и стилови на преговарање.

14:45 – 15:00 Пауза

15:00 – 16:00

  • Вештини на комуникација во преговори – активно слушање, техники на поставување прашања, говор на тело;
  • Практични совети за преговарање.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ:

Мери Каталиниќ
071 262 441

edukacija@instore.mk

КОТИЗАЦИИ:
 
1 учесник – 150 евра + ддв
2 учесници од иста компанија – 140 евра (по лице) + ддв
3 учесници од иста компанија – 130 евра (по лице) + ддв
4 и повеќе учесници од иста компанија – 120 евра  (по лице) + ддв
 

ЗА ПРЕДАВАЧОТ:

Дарко Лукиќ, консултант

Дарко Лукиќ е консултант и предавач за менеџмент, продажба и за маркетинг. Дваесетгодишното работно искуство во бизнисот го пренесува преку програми од областа на менаџментот, управувањето со клучните купувачи, продажбата, управувањето, мотивацијата, традиционалниот и дигиталниот маркетинг.

Во текот на 17-годишната корпоративна кариера, се усовршува во менаџирање и на лидерски позиции во водечки мултинационални компании, како што се: „ING Group“, „Nestle“, „Henkel CEE HQ Austria“, „Henkel Srbija“. Кариерата на консултант, ментор и предавач ја почна во 2016 година, преку соработката со „Delta Holding“, UNICEF и магазинот InStore, а во наредниот период продолжи да соработува со голем број српски и интернационални компании.

Семинарите и говорите, на водечки регионални FMCG-конференции, ги реализира на српски и на англиски јазик во Србија, Македонија и во БиХ.

Нуди услуги за советувања, менторство и едукација, а меѓу неговите клиенти се: UNICEF, „Delta Holding“, „Philip Morris“, „Lesaffre“, „Pernod Ricard“, „Imperial Tobacco“, „Stihl“, „Western Union“, „Garmin“, „Yuhor“, „Fun&Fit“, „Danubius“, „ComTrade“, „Nectar“, „MD International“, „Vital“, „Omnico distribucija“, „G3 Spirits“, „Gorki List“, „Gomex“, „Orbico“, „Fructal“, „Perutnina Ptuj“, „Atlantic Trade“, „Badel 1862“, „Alca Trgovina“, „АВТ интернационал“, „Алкалоид“, „Витаминка“, „Тиквеш“, „Пелистерка“, „Макпрогрес“, „Прилепска пиварница“, „Виталиа“, „Кола“, „Рамстор“, „Рептил“ итн.

Тој е на листата консултанти на ЕБОР (Евроска банка за обнова и развој) за мали и средни претпријатија во Србија и во Македонија, а е предавач и на Мокрогорската школа за менаџмент.

Маратонец и триатлонец, со завршени 27 маратони (42,2 км), 13 полуајронмен триатлони (113 км) и два ајронмен триатлони (226 км).





@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 



Вчитува уште новости...