Нови

Онлајн-работилница на Антонио Зрилиќ: Cash flow is king!

19 мар 2021

Иако постојат три агрегатни состојби на вкупните средства, готовината е цел на секој бизнис-потфат.

Како дел од серијалот онлајн-работилници „Business Unusual with Antonio Zrilić“, InStore ви ја претставува работилницата на тема „Cash flow is king!“.

Време: 10-12 часот, 12 и 13 април 2021 година

Рана пријава: 130 евра + ДДВ (до 4 април)

Пријава: 170 евра + ДДВ

Напомена: Попустите не се собираат. Во случај на откажување, уплатата не се враќа, но може да се искористи за друг семинар или услуга на „Логико“ во рок од една година од плаќањето.

Тренер: Антонио Зрилиќ

За повеќе информации: Срме Серафимовска, srme@instore.mk 070 375 220

Компаниите не пропаѓаат поради недостиг од пораст или профитабилност (барем на краток рок), но ќе пропаднат ако им недостига готовина...

  • Парите или животот? – Систем на рано предупредување за стечај.
  • 7 двигатели на протокот на пари – Иако постојат три агрегатни состојби на вкупните средства, готовината е цел на секој бизнис-потфат.
  • Акупунктура на залихите – три точки за оптимизација и 39 начини како некурентните залихи да се претворат во готовина.

ШТО ЌЕ НАУЧИТЕ?

Парите или животот? – Систем на рано предупредување за стечај

  • Три агрегатни состојби на вкупните средства;
  • Cash flow е крвотокот на претпријатието;
  • Циклусот cash-to-cash;
  • Потенцијалот на cash flow – каков е односот меѓу водата и мразот на Земјата?
  • Средствата што не се користат се најскапите средства;
  • Која е формулата за кеш – како да се зголеми готовината?
  • 5 начини за подобрување на обртниот капитал.

7 двигатели на протокот на пари – Која кокошка ќе положи златни јајца

  • Порастот не е евтин, единственото што е полошо за компанија без пораст е слабо планиран пораст!
  • 6 парични барања што го спречуваат порастот;
  • Купувате евтино и продавате скапо – како да изградите здрава маржа?
  • Управување со трошоците со помош на сценарија;
  • 4 чекори за управување на трошоците во случај на пад на приходите;
  • Како маркетингот и книговодството можат да помогнат при наплата на долговите?
  • 7 трикови за подобра наплата на побарувањата;
  • Побарувања од купувачите – како да им се олесни на купувачите да ви платат што побрзо?
  • 5 правила за плаќање на доставувачите;
  • Дали да користите сконто за плаќање однапред?
  • Кој е најголемиот трошок на светот?
  • Зошто услугата е најрасипливата стока на светот?
  • Activity-based costing – како да ги распоредите режиските трошоци?
  • Најголема вредност на набавката – паметно количество на нарачка;
  • Зголемување на цените како двигател на кешот.
  • Како фиксните трошоци да се претворат во варијабилни?

Како залихите да се претворат во готовина?

  • Залихите треба да бидат или во процес што додава вредност, или да се движат кон него;
  • Најголемиот трошок се неискористените средства;
  • Управување со асортиманот – бидете внимателни што внесувате во организмот!
  • Зголемен обрт на залихите или зголемена физичка активност;
  • Како да се пресмета потенцијалот за cash-flow од залихите?
  • Што се залихи во услугите?
  • Фокусирајте се – не мора да бидете како куче што трча по секоја верверица во паркот, или продавач што продава широк асортиман. Запомнете: „Епл“ остварува поголем профит од остатокот од индустријата со само неколку артикли.
  • Акупунктура на залихите – три точки за оптимизација и 39 начини како некурентните залихи да се претворат во готовина.

ЦЕЛ

Ниту една компанија сѐ уште не пропаднала (барем на краток рок) ако нема пораст или профитабилност. Може да се каже дека ќе живурка, но нема да пропадне. Но, ако нема готовина со која треба да ги плати работниците и доставувачите, компанијата со сигурност ќе банкротира.

Готовината е важна во фазата на пораст, бидејќи порастот не е евтин и голта огромни количества кеш. Но, готовината е особено важна и е прашање на живот или смрт во време на криза. Целта на оваа онлајн-работилница е да ви дадеме сет алатки за подобро управување со готовината и да ја зголемиме свеста за важноста на кешот и на cash flow во работењето.

Организатори: 

За тренерот:

Антонио Зрилиќ, автор на книгата „Оптимизација на залихите во 6 чекори“ и водечки експерт за Supply Chain Management

Основач на бутик-консултантската компанија „Логико“, специјализирана за советување во Supply Chain Management (менаџирање со синџирот за снабдување). Реномиран консултант што советувал голем број компании, менаџери и претприемачи. За потребите на различни компании досега осмислил и спровел многубројни проекти поврзани со оптимизација на трошоците во логистиката и во производството.

Според зборовите на клиентите: Тој е мотор за придвижување на промените; Ја враќа вербата дека може да се остварат големи и значајни промени; Прави квантен скок во продуктивноста и ефикасноста; Драматично го унапредува паричниот тек...

Зрилиќ е меѓународен експерт за оптимизација на оперативните процеси (логистика, набавка и производство) и има повеќегодишно искуство за развој на менаџментот.

Автор е на книгите „Управување на залихите во шест чекори“, „Логистика со брзина на светлината“ и „Од стратегија до акција“, а соработува и со редакциите на повеќе стручни списанија и публикации. Зрилиќ е сертифициран САП-консултант, има серификат „Green Belt Six Sigma“. Член е на „Society of advanced Consulting“, Заедницата на деловни советници, Организацијата на хрватски извозници и на Хрватската задруга за набавка.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Вчитува уште новости...