Свет

„Карфур“ се поврзува со „Гугл“

07 сеп 2020

Францускиот трговец „Карфур“ се обидува да ги зголеми операциите во е-трговијата на домашниот пазар преку партнерство со „Гугл“, за активирање на услугата за гласовно купување производи.

Двете компании развија услуга што се базира на Google Assistant, дигитален гласовен асистент кој е достапен на паметните телефони, компатибилните паметни звучници и поврзаните екрани.

Откако купувачите ќе ја поврзат својата е-сметка на „Карфур“ со „Гугл“, ќе можат да додаваат продукти во е-кошничката со изговарање на називите на производите (на пример, млеко, путер) или на брендовите. Откако Google Assistant ќе ја потврди е-кошничката, купувачот се сели на страницата за е-трговија на „Карфур“ за да ја заврши нарачката и да го договори начинот на испорака.

„Карфур“ има цел да ја зголеми продажбата на храна преку интернет на 4,2 милијарди евра до 2022 година, од 1,3 милијарда евра, колку што изнесуваше минатата година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...