Свет

„Амазон“ ќе отвори 30 физички продавници во Велика Британија

04 авг 2020

Менаџерите во „Амазон“ договорија 10 локации во Велика Британија каде интернет-гигантот ќе отвори физички продавници „Амазон Гоу“, кои се препознатливи по својот концепт без каси. 

Преговорите за 20 дополнителни продажни места уште се во тек. „Амазон“ главно го интересираат локации во близина на транспортни станици, што соодевствува со идејата за продавници за брзо купување грицки или пијалаци. 

Преговорите за отворање продавници без каси во Велика Британија почнаа уште во март. Купувачите ќе мораат да ја преземат соодветната апликација на своите телефони пред да влезат во продавницата, за да можат да купуваат. Апликацијата ги препознава производите и ги пресметува на излез. Притоа парите автоматски се наплатуваат од „Амазон“-сметката, а сумата потрошувачот ја гледа на својот мобилен телефон.  

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...