Свет

Германскиот БДП го допре дното

30 јул 2020

Германската економија во вториот квартал од оваа година падна за 10,1 процент на квартално ниво, покажуваат денешните прелиминарни податоци од Бирото за статистика. 

Тоа е последица на остриот пад на потрошувачката на домаќинствата, падот на деловните инвестиции и на извозот поради вонредните мерки за затворање, воведени за да се спречи ширењето на пандемијата на Ковид-19.

Ова е најостар пад откако почнаа кварталните пресметки на БДП во Германија во 1970 година, соопштија од Бирото. 

Во кварталот април-јуни, БДП на најголемата економија во Европа на годишно ниво падна за 11,7 проценти. Аналитичарите предвидуваат дека германската економија во второто тромесечиe ќе потоне за 9,0 проценти на квартална основа и за 11,3 проценти во однос на истиот период минатата година, на сезонски прилагодена основа. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Лидл“ го реструктурира одделот за набавки

31 јул 2020

Уделот на е-трговијата во В. Британија достигна до 13%

31 јул 2020

„Амазон“ ќе отвори 30 физички продавници во Велика Британија

31 јул 2020

„Севн & ај“ ги презема „Спидвеј“ за 18 милијарди евра

31 јул 2020

Германските газди бараат работници од Западен Балкан

31 јул 2020

Пораст на продажбата на приватните трговски марки

31 јул 2020
Вчитува уште новости...