Свет

Истрага против „Амазон“ за тоа дали ги штити вработените од вирусот

28 јул 2020

Обвинителството во Калифорнија и надлежните органи започнаа истрага за да утврдат дали „Амазон“ ги презеде  сите неопходни мерки за да ги заштити своите вработени од Ковид-19. Истрагата е покрената откако еден вработен во компанијата поднел тужба против „Амазон“, тврдејќи дека вработените биле изложени на „непотребен ризик“.

Калифорниското правобранителство, администрацијата за безбедност и здравје при работа и Бирото за јавно здравје започнаа истрага за да утврдат дали компанијата ги презела сите неопходни мерки за да ги заштити своите вработени.

Работничка во магацин на „Амазон“ поднесе тужба на 11 јуни. Во неа се тврди дека „Амазон“ дозволил небезбедни практики, како што се споделување на ист работен костум и немање повеќе време за работниците да ги почитуваат мерките за социјално дистанцирање.

Судијата одби веднаш да издаде претходна наредба за затворање на магацинот сè додека не се преземат дополнителни мерки за заштита. 

„Амазон“ беше критикуван за работните услови во магацините пред пандемијата, додека против компанијата беше поднесена постапка во април за отпуштање на тројца работници кои го критикуваа начинот на кој компанијата се справува со пандемијата.

Извор: Ројтерс 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...