Свет

Италија: Половина милион без работа поради коронавирусот

28 мај 2020

Во Италија околу 500.000 луѓе ќе ги загубат работните места во 2020 година, како резултат на кризата предизвикана од коронавирусот.

Според италијанската Национална агенција за активни политики на пазарот на трудот АНПАЛ, стапката на вработеност во таа земја од периодот пред пандемијата ќе се врати на исто ниво дури во 2023 година. Оттаму соопштуваат дека околу половина милион работни места што ќе бидат скратени оваа година, само 50% од нив ќе успеат да ги вратат своите работни места во 2021 година.

Пред кризата во оваа земја, во која живеат повеќе од 60 милиони жители, имало вкупно 23,4 милиони вработени.

Италија освен со големиот број жртви, од околу 33.000, се соочува и со сериозни економски последици.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...