Свет

Коронавирус во фабрика за месо во Холандија

26 мај 2020

Бројот на луѓе на кои им е дијагностициран коронавирус во фабриката за преработка на свинско месо е зголемен на 147, откако минатата недела погонот беше затворен, а работниците се во карантин.

Погонот „Вион“ во Хрунло, кој се наоѓа источно од Арнем и западно од Минстер, вработува 657 луѓе, од кои повеќето се од германска националност.

Здравствените власти наредија фабриката да се затвори, а работниците се ставени во карантин откако на 20 мај беа заразени 45 луѓе.

Во моментов, 79 германски и 68 холандски работници се позитивни на Ковид-19.

Извор: esmmagazine.com



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...