Свет

Брендови против приватни трговски марки

23 мај 2020

Дали брендираните производи се навистина со подобар квалитет од приватните трговски марк на трговските синџири? Австриското здружение за потрошувачи (Verein für Konsumenten information - VKI) го прегледува тестирањето на храната повеќе од 15 години.

Учеството на приватните трговски марки стабилно се зголемува. Според VKI, во 2000 година само 6 од 25 производи (24 проценти) биле приватни трговски марки, а во 2011 година тој удел веќе бил 47 проценти.

VKI внимателно анализира како висококвалитетни брендови можат да се споредат со приватните трговски марки на трговците. Како прво, ако ги споредите конвенционално произведените приватни трговски марки со конвенционално произведените брендови, тешко дека може да се најдат разлики. Во билансот на здружението VKI, просекот на резултатите од тестот е 63 поени (само „добар“).

Станува возбудливо кога ќе почнете детално да ги прегледувате производите на приватни трговски марки на трговците.

Споредби на трговците

Кај „Хофер“, приватната трговска мара Milfina се издвојува со 81 поен (што одговара на речиси „многу добро“). Тестираните брендирани производи достигнуваат во просек 64 поени и го делат второто место со приватните трговски марки на „Лидл“. Зад нив се оние на „Реве“ и „Шпар“.

„Лидл“ е еден чекор понапред со органските и месните производи

Во поглед на органските производи, евидентно е дека приватните трговски марки во просек имаат подобри резултати од органските производи на брендовите. „Лидл“ е чекор напред во оваа област.

Овој трговец исто така го освои првото место со 65 поени за сопствените трговски марки на органски производи од месо.

Резултатот покажува дека сме на вистинскиот пат со нашата филозофија. Добриот квалитет не мора секогаш да биде скап. Најдобар пример е нашиот австриски бренд „Добро парче татковина“. Се смета за регионален производ со најдобар квалитет. Многу познати австриски производители стојат зад нашите приватни трговски марки, открива Карстен Кремер, шеф за набавка во „Лидл“, Австрија. Од друга страна, „Лидл“ треба да се помири со последното место во органските млечни производи. „Хофер“ е предводник на статистиката во оваа област.

Тестирање на потрошувачите

Во рамките на тестирањата на храната спроведена од VKI, се организираат и дегустации од трговците. Резултатот е дека споредбата на приватните трговски марки и брендовите, покажува само мали разлики. Со 74% оценки за задоволство, органските производи од приватните трговски марки се многу подобри од брендирани производи (55%) со многу добри или добри оценки.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...