Свет

„Нестле“ гради погон во Кина

22 мај 2020

Прехранбениот гигант „Нестле“ најави дека ќе потроши околу 94,4 милиони евра за проширување на производствените капацитети во Кина.

Од компанијата соопштија дека првиот погон за производство на храна на растителна база ќе биде изграден во општината Тијанџин, во регионот за економски и технолошки развој ТЕДА.

До крајот на годинава „Нестле“ планира да почне со производство на „лажни“ месни производи. Како што соопштуваат од компанијата, во последните неколку години кинеските потрошувачи континуирано преминуваат на растителна храна, како резултат на разорната болест кај свињите, но и поради кинеско-американската трговска војна што доведе до пораст на цените на месото.

Кинескиот пазар „без месо“, кој вклучува алтернативи на месните производи, од 2014 година бележи пораст за 33,5%, а во 2018 година вредеше околу 10 милијарди евра. Ова се податоци од „Еуромонитор“, а прогнозите се дека до 2023 година, индустријата ќе вреди 11,9 милијарди долари.

Освен тоа, се најавуваат и инвестиции за значително проширување на капацитетите на постојната фабрика за храна за домашни миленици Purina.

Прдложената инвестиција на „Нестле“ се појавува по неколку недели откако американскиот гигант „Каргил“ соопшти дека во Кина ќе воведе повеќе алтернативи за месни производи на растителна база.

Извор: esmmagazine.com



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...