Свет

ЈБС – САД го намалува производството на говедско

03 апр 2020

Американската ЈБС објави дека привремено, на две недели, ќе го намали производството на говедско месо во погонот во Пенсилванија, како мерка за претпазливост поради вирусот корона.

Одлуката е донесена откако некои членови од повисокиот раководен тим покажале симптоми слични на грип, што влијаело на прекин на производството поради загриженоста од пандемијата на вирусот корона.

Во изјава за американските медиуми, од ЈБС велат дека тие членови на тимот се испратени дома во изолација, за да им се преиспитаат симптомите. Не е познато за колку ќе се намли производството и дали и другите вработени ќе бидат тестирани на Ковид-19.

Во погонот во Судертон, Пенсилванија, работат повеќе од 1.000 работници. Тоа е најголемиот погон за производство на говедско, источно од Чикаго, чии што производи се наменети за купувачите од источниот брег на САД и од целиот свет.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...