Свет

Вирусот корона ќе ги чини трговците 3,8 милијарди евра

04 Mar 2020

Проблемите со испораката настанати поради проширувањето на вирусот корона би можеле да ги чинат европските трговци вкупно 3,8 милијарди евра, покажува студијата на британската логистичка компанија „Зенкарго“.

Од компанијата наведуваат дека како резултат на проширувањето на вирусот корона, од 9 март до 20 април само германските трговци ќе изгубат 848,4 милиони евра од очекуваните приходи, француските околу 520 милиони евра, а британските би можеле да се соочат со загуба од 295 милиони евра.

Трите сегменти што се очекува да имаат најголеми загуби се: електронските уреди, текстилот и мебелот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...