Свет

Цената на маслиновото масло драстично ќе се зголеми

10 авг 2022

Цените на маслиновото масло би можеле да се зголемат за 25 отсто во следните три до четири месеци поради топлотниот бран што влијае на производството во Шпанија, предупредува водечкиот шпански извозник „Ацесур“.

Шпанија произведува речиси половина од светското маслиново масло. Но, таа земја, како и другите делови на Западна Европа каде што се произведува маслиново масло, вклучувајќи ги Италија и Португалија, во последните недели е погодена од екстремно високи температури и суша.

„Ацесур“ е вклучен во производството на повеќе од 200.000 тони маслиново масло годишно, од приближно 1,4 милиони тони произведени годишно во Шпанија, и ги продава своите производи во повеќе од 100 земји. Поголемиот дел од маслинките ги одгледуваат во Андалузија на југот на Шпанија, која имаше многу малку врнежи во последните недели.

Влијанието на топлотниот бран врз производството е „драстично“.

Минатата година Шпанија произведе околу 1,4 милиони тони маслиново масло, но се предвидува само еден милион тони за оваа сезона, а сувото време може да влијае и на бербата следната сезона доколку на маслинките не израснат нови гранки.

Ова ќе има влијание врз глобалните цени. Во јули, референтната цена на екстра девственото маслиново масло се искачи на највисокото ниво досега оваа година, за 7,3 отсто во однос на претходниот месец и 14,2 отсто во однос на претходната година. Колменеро тврди дека ова на крајот ќе дојде до потрошувачите, иако со задоцнување од три до четири месеци, бидејќи многу компании веќе имаат потпишано 12-месечни договори со трговците на мало.

Просечната цена на маслиновото масло од сопствен бренд во четирите најголеми британски синџири супермаркети пораснала за 50,2 отсто во споредба со август минатата година. Од јуни до јули просечните цени се зголемени за 28,5 отсто.

Ако продолжи сувото време, цените би можеле дополнително да се зголемат.

Нарушувањето на испораките на сончогледово масло од Украина придонесе за зголемување на цените, бидејќи луѓето се свртеа кон маслиновото масло како алтернатива, зголемувајќи ја побарувачката.

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...