Свет

„Шварц“ ја засилува сајбер - безбедноста

28 јун 2022

„Шварц групација“ ја засили сајбер - безбедноста во своето дигитално работење во Германија со воведување решенија на компанијата „ХМ сајбер“, изреалска компанија за сајбер безбедност.  

Сега, сајбер криминалот предизвикува годишна штета од повеќе од 220 милијарди евра за германската економија, што е двојно повеќе отколку пред две години. 

Од „Шварц“ соопштија дека со помош на оваа компанија, уживаат значителна безбедносна предност поради единствената заштита што оваа технологија ја нуди на германскиот и на европскиот пазар. Решенијата шти ги нуди „ХМ сајбер“ ѝ овозможуваат на компаниите да ги замислат своите ај - ти производи од агол на сајбер криминалците и да ги идентификуваат ранливите области во системот. 

Неодамна, министрите на земјите од Г-7 на својот состанок во Дизелдорф најавија мерки за засилување на сајбер - безбедноста и повикаа на интензивно вклучување на компаниите. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...