Свет

„Карфур“ во стратешко партнерство со „Фејсбук“

02 фев 2022

Трговскиот синџир „Карфур“ најави стратешко партнерство со компанијата „Мета“ (новото име на Фејсбук). Партнерството ќе се имплементира во Франција, Италија, Шпанија, Романија, Полска, Белгија, Тајван, Аргентина и Бразил.  

Соработката ќе опфаќа многу аспекти од работењето на „Карфур“: од интерна комуникација и искуства на вработените до односи со купувачи, дигитално огласување и дигитализација на флаери, локални комуникации и развој на трговијата. Со вклучување на повеќе платформи и услуги на „Мета“ (како што се Фејсбук, Инстраграм, Ватсап, Месинџер и Уоркплејс), „Мета“ ќе го интегрира „Карфур“ во своите програми за развој на мобилно искуство, а трговецот за себе ќе обезбеди моментални и персонализирани искуства преку опциите Месинџер и Ватсап. 

Компаниите ќе развијат заеднички алат за таргетирање и мерење на кампањата во рамки на „Карфур Линкс“, програмата на „Карфур“ која ги обединува сите малопродажни медиски решенија за подобрување на ефикасноста на рекламните кампањи. 

Покрај тоа, „Карфур“ со „Мета“ ќе почне да ги истражува можностите кои виртуелната стварност (ВР) може да ги понуди за убуки за вработените. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...