Свет

Познат датумот на Саемот за приватни трговски марки

20 јан 2022

Здружението на производители на трговски марки (ПЛМА) го најави ПЛМА Глобал, саемот на приватни трговски марки кој ќе ги спои излагачите и купувачите на саеми во Амстердам и во Чикаго.

Настанот ќе се одржи онлајн, од 28 до 31 март 2022 година. 

Единствена платформа ќе овозможи закажување термини и директна, сигурна видео врска меѓу производителите и купувачите на приватни трговски марки ширум светот. ПЛМА Глобал ќе понуди разговори и состаноци во реално време, со функции како што се видео повици „еден на еден“ или групни видео повици, демонстрација на производи, размена на пораки и уште многу начини на директна комуникација меѓу посетителите на саемот. 

Купувачите и излагачите ќе можат да се состануваат онлајн 24/7 во сите денови на настанот. Исто така, излагачите добиваат една цела интернет страница на платформата како би ги истакнале своите производи, своите иновации и својата компанија. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...