Свет

„Сонае“ презеде британски производител на веганска храна

10 сеп 2021

Португалскиот конгломерат „Сонае“ купи 95,4% од акциите на „Клејбел лимитед“, британски производител на природни растителни прехранбени производи.

За оваа аквизиција „Сонае“ издвои 64 милиони фунти (75 милиони евра).

„Клејбел лимитед“ произведува и дистрибуира прехранбени производи од растително потекло под брендот Gosh!. Компанијата со седиште во Велика Британија, нуди низа иновативни производи – од здрави грицки до готови јадења. Минатата фискална година оствари промет од 22 милиони фунти (околу 26 милиони евра).

Според зборовите на раководните луѓе од „Сонае“, компанија што управува и со синџирот „Континенте“, оваа аквизиција е во согласност со активната стратегија на работењето, во чиј фокус се иновативните компании.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...