Свет

„Дивела“ сака да продаде 30% од уделот во компанијата

10 сеп 2021

Сопствениците на италијанскиот производител на тестенини Divella, ја разгледуваат можноста за продажба на 30% удел во компанијата на стратешки партнер.

Имено, раководството на компанијата сака да ја зајакне својата позиција во земјите со ниска потрошувачка на тестенини.

Италијанскиот пазар е во застој, мора повеќе да работиме во странство. Од таа причина сме подготвени да ја разгледаме опцијата за склучување стратешко партнерство со некој кој може да помогне во продажбата на нашите производи во Америка и во Кина, изјави Винцензо Дивела, извршен директор во групацијата.

Тој додаде дека сопствениците ја разгледуваат можноста на почетокот да продадат 30% од уделот во компанијата. Третиот најголем производител на тестенини во Италија минатата година оствари повеќе од 300 милиони евра, од кои 35% во странство.

Според извештајот на Меѓународната организација за тестенини, Италија е најголемиот потрошувач во светот, со годишна потрошувачка од 23 килограми тестенини по жител.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...