Свет

Над 4.000 компании ќе учествуваат на саемот АНУГА 2021

26 авг 2021

Повеќе од 4.000 компании од 91 земја се пријавија за учество на овогодинешниот саем АНУГА 2021, водечки светски саем за храна и пијалаци. Се очекуваат уште пријави, соопштија организаторите. 

Саемот ќе се одржи од 9 до 13 октомври и ќе има комбиниран концепт на физичко присуство и можност за онлајн следење. Излагачите кои ќе се одлучат за физичко присуство, ќе мора да ги почитуваат сите мерки предвидени за спречување на Ковид-19. Мотото на саемот е „Трансформ“ и ќе се занимава главно со теми кои се однесуваат на одржливост и на заштита на животната средина. 

Најмногу излагачи се пријавени од Белгија, Германија, Франција, Грција, Италија, Холандија, Полска, Шпанија, Турција и САД. 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...