Свет

„Унилевер“ објави пораст на продажбата

23 јул 2021

„Унилевер“ објави раст на продажбата повисок од предвидениот за второто тримесечје и првото полугодие, бидејќи потрошувачите готвеа повеќе дома, но ја намали прогнозата за годишната работна маржа поради зголемувањето на трошоците за суровини.

Продажбата на производителот на сапуни Dove и мајонезот Hellmann’s порасна за пет отсто во трите месеци што завршија на 30 јуни, надминувајќи го зголемувањето од 4,8 проценти што го очекуваат аналитичарите.

Приходите од продажба за првата половина од годинава се за 5,4 отсто повисоки од претходната година и се над предвидувањата. Покрај тоа, се покажа дека тие се над среднорочната цел за раст од 3 до 5 отсто.

Компанијата сега соопшти дека очекува годишната работна маржа да остане непроменета.

„Унилевер“ забележа силно прво полугодие, со 5,4 отсто раст на приходите од продажба, поддржано од нашиот континуиран фокус на оперативните перформанси, рече извршниот директор Алан Џоуп, додавајќи дека компанијата чувствува притисок од зголемувањето на инфлацијата.

Започнувањето на вакцинациите против коронавирусот, повторното отворање на развиените економии и помош од американската влада за скоро 6 трилиони долари откако избувна пандемијата, ја поттикна побарувачката за сè, од автомобили до храна од ресторани, затегнувајќи ги синџирите на снабдување, создавајќи недостаток на работна сила и зголемени цени на стоките.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...