Свет

Русија: Од август поскапува лебот

20 јул 2021

Групацијата на руски пекарски компании ги информирала малопродажните синџири низ Русија дека од август ќе ги зголемат цените на лебот за седум до 12 проценти поради повисоките трошоци за производство и ограничениот ефект од државната помош. 

Русија е еден од најголемите извозници на пченица во светот, а во втората половина на 2020 година го ограничи извозот на жито и воведе контрола над растот на цените на сончогледовото масло и шеќер со цел да се запре силниот раст на цените на храната. Двата прехранбени производи не поскапеа за потрошувачите, но поскапеа за производителите на леб, пренесоа руските медиуми, додавајќи дека поскапеле и маргаринот, амбалажата и транспортот.

Руското Министерство за земјоделство, пак, соопшти дека не гледа причина за значително зголемување на цената на лебот бидејќи пченицата во Русија годинава поевтинила за 7,2 проценти.

Од почетокот на годината цените на пченичниот леб се зголемени за 4,6 проценти, додаваат од министерството. Оттаму посочуваат дека производителите на леб добиваат државни субвенции од две рубљи или 2,7 центи за килограм за да не ги зголемуваат цените во 2021 година. Од друга страна, пекарските компании тврдат дека субвенциите покриваат само дел од нивните растечки трошоци, додавајќи дека некои од нив повеќе нема ни да бараат субвенции.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...