Свет

„Баесдорф“ развива иновативни производи во Кина

23 јун 2021

„Баесдорф“ ја проширува својата НX Nivea програма во Шангај, Кина, и веќе одбра пет старт - ап компании со кои ќе соработува при креирањето нови производи и услуги.  

Избрани се компании кои нудат производи за нега на кожата независно од полот, а се инспирирани од состојки од природата; понатаму, такви кои заговараат минимализам истакнувајќи дека ниту еден производ нема да има повеќе од 12 состојки, како и оние кои го подобруваат искуството на купувачите по пат на вештачка интелигенција. Групацијата „Баесдорф“ е особено отворена кон глобалните независни брендови во областа нега на кожа кои сакаат да влезат на кинескиот пазар и да изградат локални тимови во Шангај. 

Целта на „Баесдорф“ е да стане водечки акцелератор во секторот убавина во Азија до 2022 година.

Преку соработката со локални иноватори, компанијата го забрзува развојот на нови концепти. Исто така, потпиша и партнерски договор со најголемата кинеска Б2Ц платформа „Тмал“. Nivea, Eucerin, La Prairie, Hansaplast се некои од брендовите на „Баесдорф“ кои веќе се присутни на оваа платформа.

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...