Свет

Најстариот шпански супермаркет целосно се трансформира

02 јун 2021

„Капрабо“, најстариот шпански супермаркет, објави дека напредува во планот целосно да ги трансформира своите објекти и да ги унапреди во нова генерација. 

До крајот на 2021 година, 80 отсто нод мрежата ќе биде подобрена. Ќе реновираме најмногу објекти откако почна стратешкиот проект во 2017 година, најави трговецот 

Новата генерација супермаркети ќе се фокусира на свежи и локални производи, широка понуда, персонализирани заштеди и иновации, а со цел - оптимизација на искуството на потрошувачот. Подобреното осветлување ги прави објектите енергетски ефикасни, а проценетата заштета е 20 отсто енергија по супермаркет. 

Во текот на годинава, „Капрабо“ ќе реновира повеќе од 70 објекти. Трговецот сака на тој начин да постигне конкурентност, да ги прилагоди маркетите на промените во трговското опкружување и да ја усогласи понудата со очекувањата на новите потрошувачи. Ќе инвестира околу 13 милиони евра во планот за обнова на супермаркетите, кои имаат околу 50.000 квадратни метри. 

Реновирањето се одвива во повеќе од 40 градови во Каталонија. Меѓу објектите на списокот за реновирање е и првата продавница отворена во Барселона во 1959 година. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...