Свет

Hard seltzer дел од портфолиото на „Молсон корс“

29 апр 2021

Компанијата „Молсон корс“ наскоро ќе пушти во продажба нов алкохолен пијалак - hard seltzer на пазарот на Централна и Источна Европа, со што ќе ја зацврсти својата лидерска позиција.

Со овој новитет ќе се збогати портфолиото и на „Апетинска пиварница“, која е дел од оваа мултинационална компанија.

Овој потег вклучува проширување на една од најголемите пиварници во друга категорија на алкохолен пијалак кој многу брзо стана хит во САД и низ светот.

Кон средината на минатата година „Молсон корс“ објави дека ќе инвестираат значителни средства во нивната пиварница во Форт Ворт, Тексас, за да го зголемат капацитетот и да го поддржат производството и пакувањето на категоријата hard seltzer од нивното пошироко портфолио.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Вчитува уште новости...