Свет

„Тотал продјус“ се здружи со „Дол фуд“

01 мар 2021

Европскиот гигант во сегментот свежа програма „Тотал продјус“ се здружува со американскиот производител на тропско овошје „Дол фуд“.

Седиштето на новата компанија ќе биде во САД.

Со овој потег формиран е најголемиот глобален концерн во сегментот свежа програма, со приходи од продажба над 8 милијарди долари.
Од седиштето на „Тотал продјус“ беше соопштено дека спојувањето ќе ја поедностави постојната структура на двете компании.

Групациите се надеваат на целосна оперативна интеграција, синергија и проширување на бизнисот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...