Свет

Италија: „Барила“ ја презеде британската „Паста евангелистс“

15 јан 2021

Компанијата „Барила“, италијански гигант во производството на тестенини, го презеде мнозинскиот удел во британската компанија „Паста евангелистс“. 

Финансиските детали од аквизијата уште не се познати, но светските медиуми јавија дека станува збор за цифра од 40 милиони фунти. 

„Паста евангелистс“ беше основана во 2016 година, а специјализирана е достава на пакети со свежи тестенини до клиентите ширум Велика Британија. Компанијата има своја електронска продавница, а соработува со компании како што „Окадо“, „Амазон“, „Маркс 
&Спенсер“.... Минатата година забележа пораст на продажбата од 300 отсто, доставувајќи повеќе од милион порции тестенини. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...