Во 2021 година, многу трговци низ Европа ќе продолжат да ја намалуваат употребата на пластика во пакувањата.
Следната година, „Теско“ ќе отстрани 16 милиони парчиња пластика од сопствениот асортиман на пилешко. Трговецот ќе ја постигне својата цел со отстранување на пластичното пакување.
Португалскиот трговски синџир „Пинго Доце“ и веледрогеријата „Речеио кеш & kери“ ја отстранија микропластиката од околу 520 производи од нивните приватни трговски производи во категориите козметика, детергенти и лична хигиена. „Пинго Доце“ ја отстрани микропластиката од сите 321 SKU во своите производите: Be Beauty, Cuida Bebé, SKINO и UltraPro, додека „Речеио“ од своите брендови Мастерчеф и Аманхечер.
Трговски синџир „Меркадона“ има за цел да ја намали употребата на пластика за 25% и да ја замени целата своја пластична амбалажа со рециклирана.
„Алди“ - Италија ја исфрли амбалажа за храна изработена од пластика во соработка со „Картон пак“ и „Пластична банка“.
Британскиот „Веитрос“ ќе го лансира својот еколошки асортиман за чистење во домаќинството, ECOlogical, со подобрено пакување, што ќе го намали количеството на пластика за околу 4,1 тон годишно.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.