Француската прехранбена групација „Данон“ планира да го реорганизира работењето за да се подготви за пост-ковид времето, најавува скратување на трошоците преку откази и значително помала понуда.
Компанијата ќе се обиде да се опорави од ударот што ѝ го зададе пандемијата, при што беше намалена продажбата на флаширана вода и специјални прехранбени производи во Кина.
Сметаме дека мораме да почнеме со она на што можеме да влијаеме, што е под наша контрола, изјави Емануел Фабер, претседател на Управата на „Данон“.
Прво, „Данон“ локално ќе ја реорганизира компанијата, давајќи им на подружниците ширум светот поголема автономија и вклучувајќи ги нивните први луѓе во Извршниот одбор. Исто така, планира во следната година да ја намали понудата од 10-30 отсто и да се насочи кон брзо растечки и попрофитабилни производи. Се очекува дека со тие мерки ќе се заштедат милијарда евра трошоци до 2023 година, вклучувајќи и намалување на режиските трошоци за една петина.
Враќање на профитабилниот раст се очекува во втората половина на 2021 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.