Свет

„Унилевер“ очекува милијарда евра од продажба на алтернативни месни производи

19 ное 2020

Светскиот гигант „Унилевер“ најави дека од продажбата на своите растителни замени за месо и млечни производи очекува промет од околу милијарда евра во наредните 5 до 7 години.

Развојот на брендот Vegetarian Butcher, како и продажбата на веќе познатиот вегански Hellmann мајонез и сладоледите Magnum и Wall's многу ќе придонесат за остварување на целта.

Од компанијата соопштија дека деловниот план предвидува зголемување на моменталниот промет за пет пати во категориите производи со растително потекло.

Истражувањето на пазарот што неодамна го спроведе компанијата „Поларис“ покажа дека категоријата „растителна замена за месо“ ќе расте со годишна стапка од 15,8 отсто во следните седум години. Минатата година, пазарот на месни алтернативи на глобално ниво вредеше 11 милијарди долари. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...