Регион

„Подравка“ отвори лабораторија за сензорски и кулинарски истражувања

25 фев 2020

Хрватска „Подравка“ отвори лабораторија за напредни сензорски и кулинарски истражувања која, како што велат од компанијата, е најсовремена во регионот.

Лабораторијата ќе го носи името на проф. Злата Бартл, научник која го предводеше тимот што прво ги осмисли супите на „Подравка“, а потоа и „Вегета“, најпознатиот бренд на компанијата. Беше отворена на 20 февруари, на 100-годишнината од нејзиното раѓање. 

Тука ќе имаме можност на едно место да го обединиме развојот на кулинарски прототипови и тестирање на вкусови со најмодерни сензорски методи, за да дадеме поддршка на развојот на нови производи преку создавање вкус брзо и ефикасно, со помош на дигитални алатки. Лабораторијата е опремена со најсовремена мултимедијска опрема и освен оперативната поддршка, создава темел за истражувачки проекти во нитриционизмот, сензорската наука и високата гастрономија. Да покажеме дека се цени знаењето кое води до нови вредности и отвора нови можности, дека имаме производи кои се продаваат на пет континенти и да знаеме каде одиме бидејќи знаеме од каде доаѓаме, изјави Марин Пуцар, претседател на Управата за „Подравка“. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...