Регион

InStore на Еурошоп 2020 во Дизелдорф

17 фев 2020

Тим на магазинот InStore го посети саемот Еурошоп 2020 кој се одржува во Дизелдорф од 16 до 20 февруари. 

На саемот има повеќе од 2.300 изложувачи од 60 држави кои своите производи и услуги ги претставуваат на 125.000 квадратни метри изложбен простор во 16 хали. Еурошоп 2020 очекува повеќе од 114.000 посетители од цел свет. 

Меѓу бројните изложувачи, годинава има и осум изложувачи од Хрватска, шест од Словенија и 10 иложувачи од Србија. Од Хрватска, самостојно се претставуваат компаниите „Балбоа“, „П.Е.С“-Загреб, „Пис“, „Принт група“, „Продигитал“, „Проминг“ и „Велпром“. InStore го посети штандот на хрватската компанија „Балбоа“. 

Од Словенија, изложувачи се компаниите „Акрипол“, „Алпфриго“, „Квадро студио“, „Модиз“, „Мрежа„ и „Стакларство Ресник Јанез“. 

Србија ја претставуваат компаниите „Андрик ЛЛЦ“, „Медан ЛОА“, „Лава комерц“, „Галеб систем кооперејшн“, „Фискал солушионс“, „Дигитал принт студио“, „Карс принт“, „БГ реклам“, „Белвуд хангерс“ и „Пропулзија“.  

 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...