Регион

Српска „Будимка“ продадена за 1,8 милион евра

06 дек 2019

Една од најголемите фабрики за храна во Србија - „Будимка“ е продадена на јавна лицитација за 1,8 милион евра, на компанијата „Итн груп“ од Косјериќ.

„Итн груп“ се занимава со иновации во земјоделството и со производство на смрзнато овошје и зеленчук.

Како што истакна Вера Марковиќ, директор и косопственик на „Итн груп“, почетните инвестиции ќе достигнат 5 милиони евра, а се очекува да почне со работа напролет.

Имаме цел да продолжиме со работењето, да ја прошириме дејноста што веќе постои во фабриката во Косјериќ. Во оваа фабрика произведуваме смрзнато овошје и зеленчук, кои се 99% наменети за извоз, објасни Марковиќ.

За купување на „Будимка“, во која производството престана во 2015 година, интерес во текот на изминатите години покажаа компании од Србија, Европа и од Азија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



БиХ: „Бинго“ сака (од „Фортенова“) да го преземе ТП ДК „Сараево“

23 јул 2020

Србија ја доби единствената фирма за органско чоколадо

23 јул 2020

„Еуроспин“ влегува во Хрватска

23 јул 2020

Растат приходите на „Подравка“ и покрај кризата

23 јул 2020

„Атлантик група“ со стабилни полугодишни резултати

23 јул 2020

„Дукат“ е подготвен да го откупува млекото од кооперантите на „Мегле“

23 јул 2020
Вчитува уште новости...