Регион

ЕБРД излезе од сопствеништвото на „Атлантик група“

14 окт 2019

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) ги продаде сите 66.686 акции во „Атлантик група“ на берзата во Загреб во блок трансакција вредна 10,5 милиони евра. 

Купувачот уште не е познат, но се шпекулира дека тоа би можел да биде некој од фондовите кои се крупни акционери во компанијата. 

Мнозински сопственик на „Атлантик група“ е Емил Тедески со удел од 50,2 отсто. 

Во сопственост на ЕБРД се и 15,7 отсто од подгоричката компанија „Воли“, најголемиот синџир маркети во Црна Гора. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...