Регион

„Браќа Пивац“ тргна во аквизиција на „Краш“

12 сеп 2019

Месната индустрија „Браќа Пивац“ и „Краш ЕСОП“ д.о.о почнаа заедничка акција за откуп на акциите на „Краш“ од трети лица. 

Оваа намера двете компании ја објавија на на берзата во Загреб. „Пивац“ поседува 30,73 отсто од акциите на „Краш“. Втор најголем акционер е „Краш ЕСОП“ во кој се здружени малите акционери, поранешни и сегашни вработени во „Краш“, кои поседуваат 18,45 отсто од акциите. 

Преговорите меѓу „Пивац“ и малите акционери веќе почнаа. Одлуката се очекува за 15 дена. Ако исходот биде позитивен, „Пивац“ ќе има 51,78 отсто акции со право на глас и во тој случај целосно ќе ја преземе контролата врз „Краш“. 

Отсекогаш го сметавме „Краш“ за еден од најперспективните произведувачи во Хрватска. Имаме голема желба заеднички да дејствуваме со работниците акционери и на тој начин дополнително да го унапредиме исклучително успешниот модел на работничко акционерство во „Краш“. нашите идни планови се насочени кон оптимизација и подигнување на квалитетот на работењето и управувачките процеси и дополнително јакнење на „Краш“ на домашниот, регионалниот, но и на светскиот пазар, соопштија од Упрвата на „Браќа Пивац“. 

 




Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 



„Пивац“ ја отвори најголемата фабрика за производство на пршута во Хрватска

19 мај 2020

Ледиќ: „Краш“ ќе освојува нови пазари

19 мај 2020

5 милиони евра инвестиции во фабриката Argeta во Изола

19 мај 2020

Одговорно управување со пластиката во „Лидл“ – Србија

19 мај 2020

Во јули во Белград ќе се одржи најголемиот балкански вински натпревар

19 мај 2020

„Певекс“ се залага за бесплатна недела

19 мај 2020
Вчитува уште новости...