Регион

Стабилен развој на „Метро“

29 мај 2018
„Метро АГ" во вториот квартал од деловната 2017/2018 година, продолжи со стабилен развој на продажбата и оствари пораст од 2% на продажбата like-for-like.
 
Негативното влијание на валутата предизвика благ пад на продажбата која достигна 8,4 милијарди евра (-0,8% во споредба со вториот квартал 2016/2017 година).
 
Во првата половина од деловната 2017/2018 година, продажбата like-for-like порасна за 1,3% во споредба со истиот период минатата деловна година, за што придонесоа „Метро холсел" и „Реал". ЕБИТДА, без заработка од недвижнините, е зголемена на 761 милион евра во споредба со остварените 742 милиони евра минатата година. Пријавената ЕБИТДА достигна 769 милиони евра, во споредба со 859 милиони евра остварени во истиот период минатата година.
 
Продолжен е динамичниот пораст на доставата во сегментот големопродажба, така продажбата во „Метро холсел" е зголемена за 20% во споредба со истиот период минатата година.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...