Македонија

Се затвори „Алдис трејд“

21 фев 2020

Фирмата „Алдис трејд“ која веќе 16 години работи на македонскиот пазар ги затвора своите врати за потрошувачите.

Од фирмата „Алдис трејд“ која единствено работеше во малопродажниот сектор, преку маркетот „Алдис дисконт“, известија дека е донесена одлука од 22.01.2020 година да престане со работа овој маркет. Сите досегашни соработници ќе можат да се обратат во фирмата до 15.03.2020 година.

Во маркетот од 550 м² во просек беа вработени 15 луѓе.

Со оглед на тоа што важевме и се надевам дека ќе останеме запаметени како фирма во која се вреднувале човечноста и редот, првата моја работа како менаџер веќе 16 години, беше да се погрижам за трансфер на вработените, а потоа да затвориме. Сите вработени направија трансфер во различни фирми со наша помош и со нивно претходно знаење, за да немаат престанок во стажот, изјави за InStore Анета Андреева, менаџер во „Алдис трејд“.

Во соопштението, „Алдис трејд“ им се заблагодарува на соработниците за досегашната соработка и за сето она што во текот на 16-годишното работење заеднички го научија и го создадоа.

 




Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.